Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

Кочани преку Билјанини Извори избори опстанок во ПЖФЛ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со убедлива победа од 7:3 екипата на Кочани го доби баражот против Билјанини Извори и избори опстанок во Првата женска фудбалска лига, а тимот од Охрид останува второлигаш.

Иако екипата на Билјанини Извори стигна до предност од два гола до крај на полувремето беше 2:2, а во вториот дел следуваше пресврт за победа на Кочани и опстанок во елитата.

Сепак голем проблем за второлигашот од Охрид беше тоа што тимот подолг период немаше натпреварувачки ритам бидејќи беше прекината Втората лига во десеттото коло, но Билјанини Извори спортски го прифаќа поразот и му честита на противникот.

По две грешки на Кочани во одбраната, екипата на Билјанини Извори по осум минути игра имаше предност од 0:2 преку головите на Марија Јулчовска која го отвори резултатот, а потоа двојна предност донесе Ивана Николовска по одлична асистенција на Стефанија Ристова.

Кочани имаше една одлична шанса од слободен удар на Катерина Милеска која ја погоди гредата.

Екипата на Кочани ја намали предноста преку гол на Андреа Донева со удар од далечина, но голманката на тимот од Охрид направи голема грешка откако буквално топката и лизна од раце.

Израмнувањето стигна во Милеска по едно мало невнимание на одбраната на Билјанини Извори за 2:2 на полувреме.

Во вториот дел двете екипи со активна игра на теренот бараат шанса и можност за погодок.

Комплетниот пресврт се случи во 59. минута кога Џенита Кицара постигна гол за водство на Кочани од 3:2. Во 62. минута следуваше гол за водство на Кочани од 4:2 откако атрактивен гол постигна Марија Велиновска по одлична асистенција на Милеска.

Брзо се распадна играта на тимот од Охрид откако Милеска постигна втор гол за висока предност од 5:2.

Јована Стојанов во 84. минута од средбата во Ѓорче Петров погоди за високи 6:2.

Во 88. минута Џенита со нов гол зголеми на 7:2, а голманката на охридскиот тим се покажа одново слаба карика во тимот. Во финишот од средбата Стефанија Ристова постигна еврогол за конечни 7:3.

Кочани останува во Првата женска фудбалска лига и следната сезона заедно со Скопје, Тиверија Брера, Истатов, Љуботен, Каменица Саса, Ас Јунајтед, Вардар, Речица и Конзули.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера го одработи последниот тренинг, позитивна атмосфера пред реваншот со Санта Колома – младите струмичани атакуваат на нова победа во ЛШ!

Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!