Ракомет

ЖРК Атлетик ја продолжи соработката со Сандра Трпеска до 2028 година

Сподели
ФОТО: ЖРК Атлетик
Сподели



ЖРК Атлетик продолжува да го гради тимот за следните сезони, откако левото крило Сандра Трпеска го продолжи договорот со клубот до 2028 година.

Младата ракометарка, која важи за една од перспективните ракометни имиња во својата генерација, останува дел од тимот и во наредните сезони, што претставува значајна вест за клубот кој има јасна визија за долгорочен развој.

Трпеска е родена на 19 септември 2007 година, а со ракомет започнала да се занимава уште од својата шеста година. Првите ракометни чекори ги направила во ЖРК Ѓорче Петров, каде што поминала цели десет години и остварила значајни успеси во младинските категории.

Во дресот на клубот од Ѓорче Петров освоила две пионерски шампионски титули, Куп на Македонија и титула во Суперлигата, со што уште од најрана возраст ја потврдила својата ракометна вредност.

По успешниот период во Ѓорче Петров, Трпеска се преселила во ЖРК Металург Автокоманда, каде што ја продолжила својата кариера и успеала да стане вицешампион и младински шампион на Македонија.



Од оваа сезона таа е дел од ЖРК Атлетик, а добрите настапи и меѓусебното задоволство од соработката резултираа со нов договор кој ќе ја задржи во клубот до 2028 година.

Во Атлетик веруваат дека Трпеска ќе биде важен дел од амбициите на клубот во наредниот период, додека младата ракометарка ќе има можност дополнително да се развива и да го потврдува својот потенцијал на домашната ракометна сцена.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Грозд го декласира Банско со 6:1, Готен покажа моќ, Петар Томов со хет-трик за Единство, висока победа за Слога од Злеово

Готен со убедлива победа од 4:1 над Сачево ја отвори сезоната во Општинската фудбалска лига во Струмица. Првото полувреме од мечот кој се...

Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1 на домашен терен во Куманово, во последниот натпревар од деветтото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!