Младински фудбалФудбал

(ВИДЕО) Давид Докмановиќ со емотивна порака: Голот му го посвети на прерано починатиот Аган Асани

Сподели
Сподели



Фудбалот уште еднаш покажа дека е многу повеќе од игра и резултат. Младиот фудбалер Давид Докмановиќ постигна гол и го посвети на 13-годишниот Аган Асани, кој трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Скопје.

По погодокот, Докмановиќ покажа маица со порака посветена на Аган и неговото семејство, испраќајќи силна порака за почит, пријателство и заедништво меѓу младите спортисти.

Во разговор за Опен ТВ со колегата Решат Ибраими, младиот фудбалер истакна дека неговиот гест бил исклучиво лична иницијатива и дека пријателството е многу поважно од националната припадност.

„Не е важна националноста, туку важно е другарството. Фудбалот не е само за победа. Пораката ми е дека не е битна националноста на сите деца, дека сите деца треба да се почитуваме. Идејата да го посветам голот беше целосно моја. Ние со Аган игравме многу натпревари еден против друг“, изјави Докмановиќ.

Неговиот потег предизвика бројни позитивни реакции во спортската јавност и уште еднаш потврди дека спортот има моќ да обединува и да испраќа вредни животни пораки.

Во време кога резултатите често се во прв план, Давид Докмановиќ покажа дека најголемите победи се оние човечките.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!