Останати репрезентацииРепрезентација

Македонски триумф на „ГРАН ПРИ 2026“ во Зворник, БиХ

Сподели
Сподели



Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација се враќа со висок сјај од престижниот меѓународен турнир. Во конкуренција на над 350 натпреварувачи од 10 европски земји, нашиот тим од 17 натпреварувачи покажа супериорност, дисциплина и шампионски карактер!

​Вкупен биланс на медали за нашата репрезентација е пет златни медали, пет сребрени медали и седум бронзени медали. Дополнително пехар за најдобра кадетска доби Миа Танеска.

  • ​​🏆 Преглед на успесите по клубови

​🥋 ТК “ХВА РАНГ ИТФ” – Лескоец

​Биланс: 4 🥇 | 1 🥈 | 4 🥉 | 1 🏆

​Миа Танеска

​🥇 Злато — спаринг борби кадетки (+50кг)

​🥇 Злато — форми црвен појас кадетки

​🏆 ПЕХАР за најдобра кадетка на турнирот

​Теодора Тодороска

​🥇 Злато — форми зелен појас младинки У-18

​🥉 Бронза — спаринг борби младинки У-18 (-60кг)

​Анастасија Чулческа

​🥇 Злато — форми плав појас младинки У-18

​🥉 Бронза — спаринг борби младинки У-18 (-65кг)

​

Софија Колушоска

​🥉 Бронза — форми црн појас I дан, младинки У-18

​Тара Наумоска

​🥈 Сребро — спаринг борби девојчиња 8-10 години (+45 кг)

​Еми Еми

​🥉 Бронза — спаринг борби девојчиња 8-10 години (-30кг)

​🥋 ТК “ГЕБЕК” – Ресен

​Биланс: 1 🥇 | 1 🥈 | 2 🥉



​Медина Мусиќ

​🥇 Злато — форми жолт појас јуниорки

​Марија Тунтевска

​🥈 Сребро — спаринг борби јуниорки (+64кг)

​Владимир Димитриевиќ

​🥉 Бронза — спаринг борби сениори 18-34 години (-78 кг)



​Димитар Андоновски

​🥉 Бронза — форми жолт појас кадети

​🥋 ТК “СОНКАЛ” – Мислешево, Струга

​Биланс: 3 🥈 | 1 🥉

​Кристијан Гагалески

​🥈 Сребро — спаринг борби деца 8-10 години (-30кг)

​🥉 Бронза — форми жолт виши појас деца 8-10 години

​Павел Ѓикоски

​🥈 Сребро — спаринг борби деца 8-10 години (-45кг)

​Максим Шулески

​🥈 Сребро — форми жолт појас деца 8-10 години



​„Голема благодарност до поддржувачите, овој успех немаше да биде можен без несебичната поддршка на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Министерството за спорт. Ви благодариме што верувате во македонскиот спорт и во нашите млади шампиони“, велат од федерацијата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!