Втора лигаТрета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ се враќа во Втора лига: „Лисиците“ порачаа дека победата над Саса е повеќе од заслужена

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Екипата на Еуромилк ГЛ обезбеди враќање во Втората македонска фудбалска лига, откако во бараж натпреварот одигран на стадионот „Силекс“ во Кратово со 2:1 ја совлада Каменица Саса.

Шампионот на Третата лига – Север во клучниот натпревар од сезоната успеа да го надмудри второлигашот и по долги години повторно да обезбеди место во второлигашкото друштво.

Од друга страна, Каменица Саса не успеа да го зачува својот статус и по повеќе сезони минати во Втората лига се сели во Третата лига – Исток.

По победата и обезбедениот пласман во повисок ранг, од таборот на Еуромилк ГЛ излегоа со официјално соопштение во кое потенцираат дека нивниот триумф бил целосно заслужен и дека на теренот покажале повеќе од својот противник.

„По завршување на бараж натпреварот чувствуваме потреба да се обратиме поради различните коментари кои се појавија во јавноста. ФК Еуромилк ГЛ на теренот покажа многу повеќе и заслужено дојде до победата. Во текот на 90 минути противникот имаше само еден шут од далечина додека нашата екипа создаде пет, шест стопостотни шанси и еднаш ја погодивме пречката. Ја почитуваме ФК Саса како клуб и им посакуваме успех во иднина но сметаме дека резултатот беше реален одраз на случувањата на теренот. Во прилог исечок од снимка во која јасно се гледа дека постигнуваме гол со кој резултатот ќе беше повисок“, се вели во соопштението на „лисиците“ од Горно Лисиче.

Со овој успех, поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ испиша ново поглавје во својата историја и по долг период повторно ќе биде дел од Втората македонска фудбалска лига.

За клубот од Горно Лисиче ова претставува круна на успешната сезона во која го освои првото место во Третата лига – Север, а потоа успешно ја заврши мисијата и во баражот за пласман во повисок ранг.

Во новата сезона Еуромилк ГЛ ќе биде дел од второлигашката конкуренција, додека Каменица Саса ќе бара нов почеток и обид за враќање меѓу второлигашите преку натпреварите во Третата лига – Исток.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!