Кошарка

ФИБА Европа и КФСМ организираат голем минибаскет настан во Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Во периодот од 4 до 7 јуни, Скопје ќе биде домаќин на 11. Европска конвенција за минибаскет, настан што ќе ги обедини најистакнатите европски експерти и едукатори во работата со најмладите кошаркари. Организатор на конвенцијата е Кошаркарската федерација на Македонија, во соработка со ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА.

На настанот ќе учествуваат тренери, предавачи и спортски работници од повеќе европски земји, кои ќе имаат можност да разменат искуства, идеи и современи пристапи во развојот на детската кошарка.

Главната цел на конвенцијата е унапредување на работата со младите категории преку споделување на најдобрите практики и методи за правилен спортски развој на децата. Во текот на четиридневната програма ќе бидат реализирани предавања, работилници и практични сесии под раководство на врвни меѓународни стручњаци.

Учесниците ќе се запознаат со нови алатки и концепти за поуспешно воведување на кошарката кај најмладите, како и за промовирање на спортски вредности, тимски дух и здрав начин на живот.

Практичниот дел од конвенцијата ќе се одржува во спортската сала „Лазар Лечиќ“, додека завршниот ден ќе биде резервиран за голем минибаскет фестивал на Кејот на Вардар. На фестивалот се очекува учество на повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку натпревари, дружење и забавни активности ќе ја прослават љубовта кон кошарката.

Организацијата на овој значаен европски настан претставува уште едно признание за македонската кошарка и потврда за заложбите на федерацијата во создавањето квалитетни услови за развој на младите генерации.

МИНИ БАСКЕТ КОНВЕНЦИЈА – СКОПЈЕ 2026

РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИ

4 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

14.30-14.50: Претставување на Мини баскет конвенцијата – Мајкл Шварц (ФИБА Европа) – Хотел „Александар палас“- Скопје

14.50-16.00: Предавање: „Што е мини баскет“ – Маурицио Кремонини – Хотел „Александар Палас“ – Скопје

16.15-18.00: Предавање: „Развој на децата – Методолошки импликации“ – Мариус Хут – Хотел „Александар палас“ – Скопје

18.30-19.30: Дискусии (прв дел) – Хотел „Александар палас“ – Скопје

19.40-20.40: Дискусии (втор дел) – Хотел „Александар палас“ – Скопје

5. ЈУНИ (ПЕТОК)

09.00 – 10.30: Тренинг за деца на возраст од 5-7 години (почетници) – Маурицио Кремонини – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

10.45 – 12.15: Тренинг за деца на возраст од 8-9 години (средно ниво) – Милена Мулисова – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

14.30 – 16.00: Тренинг за деца на возраст од 10-12 години (напредно ниво) – Мариус Хут – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

16.15 – 17.45: „Поенти за учење групна тактика – напад“ – Милена Мулисова – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

18.00 – 19.00: Дискусија – трет дел

19.15 – 20:15: Дискусија – четвртти дел

6ЈУНИ (САБОТА)

09.15 – 10.30: Предавање: „Програма за прогресија во наставата“ – Серхио Лара-Берсиал – хотел „Александар палас“ – Скопје / Универзитет „Јахија Кемал“ – Скопје

10.45 – 12.00: Предавање: „Планирање на вежби за трчање во мини баскет“ – Милена Мулисова – хотел „Александар палас“ – Скопје / Универзитет „Јахија Кемал“ – Скопје

14.00 Добредојде – Мини баскет конвенција – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

14.00-14.30: „Introduction to Hoops For Schools Program“ – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

14.30 – 15.00: „New additions to basketball for good playbook“ – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

15.00 – 16.00: „Safeguarding“ – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

16.30 – 17.30: „Mini basketball Festival planning (led by delegates)“ – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

17.30 – 18.30: „Festival rehearsal& Debrief“ – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

7.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

09.00 – 10.00: Финални подготовки за Мини баскет – регистрација – Спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

10.00 – 12.00: МИНИ БАСКЕТ ФЕСТИВАЛ – терени на кеј на Градска плажа во Скопје

12.00 – 12.30: ЦЕРЕМОНИЈА – ЗАТВОРАЊЕ – терени на кеј на Градска плажа во Скопје

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица со неверојатен финиш го сруши Пелистер и ја запиша првата победа во Суперлигата!

Кошаркарите на Струмица 2001 ја остварија првата победа во новата сезона на...

Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!