РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски по поразот од Турција: Одговорноста е моја, мора да извлечеме поуки

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација претрпе убедлив пораз од Турција со 4-0 (2-0) на контролниот натпревар одигран во Истанбул. Избраниците на Гоце Седлоски не успеаја да парираат на расположениот домаќин, кој ја оправда фаворитската улога и заслужено стигна до победата.

По средбата, селекторот Гоце Седлоски ја презеде одговорноста за резултатот, нагласувајќи дека ваквите натпревари се значајни за стекнување искуство и подобрување на играта на националниот тим.

„Честитки до Турција за заслужената победа. Станува збор за квалитетна репрезентација со голем број врвни фудбалери. Одговорноста за поразот е моја, бидејќи јас ги носам одлуките и го составувам тимот. Им дадов шанса на сите играчи да добијат минутажа и токму од ваквите натпревари треба да извлечеме важни поуки.

Свесни сме дека веќе четири натпревари не сме постигнале погодок и тоа е сегмент на кој ќе мора дополнително да работиме. Се соочивме со исклучително силни противници и секоја наша грешка беше строго казнета. Потребно е детално да ги анализираме слабостите и да спречиме нивно повторување во иднина.

Во процес сме на создавање нов тим, а за дел од фудбалерите ова беше драгоцено меѓународно искуство. Очекувам секој што ќе добие повик во репрезентацијата да го даде максимумот и да ја оправда довербата. Имам јасна претстава за потенцијалот на секој играч, а во периодот што следува ќе работиме на корекција на недостатоците и подобра подготовка за предизвиците што нè очекуваат“, изјави Седлоски.

Следен сериозен предизвик за Македонија ќе биде настапот во Лига Б од Лигата на нациите. Контролните дуели против Босна и Херцеговина и Турција беа корисна проверка на моменталната подготвеност на националниот тим, особено ако се земе предвид дека во групната фаза ќе се соочи со селекциите на Швајцарија, Шкотска и Словенија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!