Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија беа поразени на двата пријателски натпревари со Косово

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги заврши првите контролни натпревари во рамките на подготовките за настапот во Европската лига 2026, претрпувајќи два порази од селекцијата на Косово со идентични 3:1.

Овие средби беа првите официјални проверки за националниот тим под водство на новиот селектор Милош Гавриловиќ, кој ја презеде репрезентацијата пред околу две недели. Натпреварите послужија како важен тест за актуелната форма на одбојкарките и можност за стручниот штаб да добие појасна слика за потенцијалот на тимот пред претстојните предизвици.

Иако резултатите не беа во корист на Македонија, контролниот двомеч понуди значајни информации за работата која треба да се реализира во наредниот период. Селекторот и неговите соработници имаа можност да испробаат различни тактички варијанти, како и да ја проценат подготвеноста на репрезентативките во натпреварувачки услови.

Подготовките продолжуваат според предвидениот план, а овие натпревари ќе бидат добра основа за понатамошно темпирање на формата и создавање на посакуваната игра пред почетокот на настапите во Европската лига 2026.

„Добро ни послужија овие два пријателски натпревари со Косово за да видиме до каде сме во процесот на работа. Неполн месец е екипата заедно и со мене како нов селектор и јасно е дека уште не ни е усовршен системот, а за тоа е потребно време. Имавме и позитивни и негативни работи. Добро е што има борба, желба и игра, девојките се оптимисти и веруваат во работата и процесот. Од друга страна се виде и дека не се почитува договореното – тоа е нешто на што ќе мора да работиме, потребно е повеќе внимание да посветиме на блокот и одбраната, на сервисот… Има напредок од првиот ден до сега, но не чека уште многу работа. Сепак, најважно е дека имаме визија и желба и она на што ќе се посветиме овие неколку дена до првиот натпревар во Европската лига се корекција на овие елементи, како и подобро воигрување на екипата и подготовка за првиот противник“, вели селекторот Гавриловиќ.

Репрезентацијата до четврток ќе тренира во Скопје, додека во петок рано наутро патува за Порто, каде викендот 6 и 7 јуни ги игра првите два натпревари од Европската лига 2026.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на...

Трета лигаФудбал

Хитот Огражден со нова победа за избивање на врвот, Овче Поле убедлив во Делчево, Карбинци со нов пораз

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча. Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!