Ракомет

Моралес: „Знаевме колку е важен овој натпревар за градот, за навивачите и за сите нас“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Историската титула во Европскиот Куп донесе голема радост во редовите на Охрид, а еден од ракометарите кои дадоа значаен придонес во европскиот успех, столбот во одбраната на Охрид, Ориол Реј Моралес, не го криеше задоволството по освоениот трофеј. Во изјава за Спортска Мрежа, тој истакна дека важноста на натпреварот и огромните очекувања влијаеле врз емоциите на екипата во почетните минути од финалето.

Моралес смета дека тимот го започнал натпреварот со голема возбуда, свесен за значењето што овој меч го имал за клубот, градот и навивачите. Сепак, и покрај почетната еуфорија, Охрид успеал да ја задржи контролата врз случувањата на теренот и да замине на паузата со предност.

„Мислам дека првото полувреме го започнавме доста возбудено, бидејќи знаевме дека ова е нешто многу важно за градот, за навивачите, за сите нас. Исто така, за многу од нас ова беше и прва европска титула..прв европски трофеј, па затоа започнавме можеби еуфорично, меѓутоа и покрај тоа имавме контрола над мечот и на полувреме заминавме со гол предност.“

ФОТО: ГРК Охрид

Шпанскиот ракометар посочи дека во соблекувалната тимот разговарал за потребата од уште подобра игра во продолжението. Според него, токму посмирениот и посериозен пристап во второто полувреме бил клучот за победата и освојувањето на европскиот пехар.

,,На паузата, зборувавме дека играме добро, но мораме уште подобро, како што знаеме. Во вториот дел почнавме посериозно и посмирено..па мислам дека не можеше подобро од ова да ја завршиме оваа одлична сезона.”- изјави Моралес за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Освојувањето на Европскиот Куп претставува круна на една извонредна сезона за Охрид. Со историскиот успех, Моралес и неговите соиграчи испишаа ново поглавје во клупската историја и им донесоа незаборавна радост на навивачите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново и тетовска Шкендија ги поделија бодовите

Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново одиграа нерешено 1:1 во дуелот од деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига. Гостите од Тетово имаа предност...

Трета лигаФудбал

Тиверија повторно не се појави на теренот, Каменица Саса добива службени 3:0!

Натпреварот од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, меѓу Каменица Саса и Тиверија, не се одигра откако гостинскиот тим...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!