Втора лигаФудбал

Како ќе изгледа Втората лига следната сезона?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Детонит Плачковица - Беласица
Сподели



Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига познат е изгледот на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона.

Од минатата сезона во второлигашкото друштво останаа Охрид, Беласица, Осогово, Новаци, Детонит Плачковица, Кожуф и Тетекс, од Прва лига директно испаднаа Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, во баражот беа поразени и испаднаа Брера и Пелистер, а нови второлигаши се Еуромилк ГЛ и Камјани, кој доаѓаат од Трета лига – Север односно Запад.

Ваква силна конкуренција во Втора лига не се памети, многу поранешни шампиони на Македонија, екипи кои го освојувале Купот на Македонија, екипи кои играле европски квалификации сега се дел од Втора лига.

Борбата и конкуренцијата за враќање во елитата ќе биде огромна, со право ќе биде најсилната сезона во второлигашка конкуренција.

Ваквата силна конкуренција ќе ги натера екипи да креираат квалитетни тимот, значително финансиско вложување со цел да може да бидат конкурентни во следната сезона, бидејќи како што конкуренцијата за Прва лига ќе биде силна, уште посилна ќе биде и за опстанок.

Ако во минатите неколку сезони од самиот старт на првенството имаше прежалени екипи кои беа отпишани и тоа им создаваше комфорна зона за многу екипи, сега тоа е минато.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!