Младински фудбалФудбал

ФОТО: Кожуф меѓу четирите најдобри во Македонија: Генерацијата 2018 донесе нов успех за гевгелискиот клуб

Сподели
Сподели



Фудбалскиот клуб Кожуф продолжува да ја потврдува квалитетната работа со младите категории, откако генерацијата 2018 освои пехар на завршниот турнир во Детската лига на Фудбалската федерација на Македонија и сезоната ја заврши меѓу четирите најдобри екипи во државата.

Младите фудбалери од Гевгелија, предводени од тренерот Бојана Танова, имаа одличен настап на завршницата и покажаа голем потенцијал, талент и фудбалска зрелост и покрај нивната возраст.

Патот до пехарот го започнаа со убедлива победа во осминафиналето против Дарданет од Тетово со 8:2. Во четвртфиналето следуваше уште еден одличен настап и триумф над Пелистер од Битола со 5:3, со што Кожуф обезбеди место меѓу четирите најдобри екипи во Македонија.

Во полуфиналниот дуел младите надежи на Кожуф одиграа неизвесен и возбудлив натпревар против Вардар, но на крајот скопскиот состав славеше со 4:3 и се пласираше во финалето.

 

Освоениот пехар претставува уште едно големо признание за работата во младинската школа на Кожуф. Генерацијата 2018 важи за една од најталентираните во клубот и претставува одлична основа за иднината на гевгелискиот фудбал.

Посебни заслуги за овој успех има тренерот Бојана Танова, која континуирано работи со младите фудбалери и преку стручна и посветена работа успева да создаде генерации кои бележат значајни резултати на национално ниво. Токму ваквите успеси се најдобар доказ дека во Кожуф се работи правилно и системски со најмладите категории.

Со овој резултат, Кожуф уште еднаш потврди дека располага со голем број талентирани деца и дека иднината на клубот е во сигурни раце.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!