Втора лигаТрета лигаФудбал

Тетекс со ДЕВЕТ гола го декласираше Влазними и избори опстанок во Втора лига

Сподели
Сподели



Екипата на Тетекс без проблеми го декласираше Влазними и останува во Втората македонска фудаблска лига и следната сезона откако забележа победа од 7:0 над шампионот на Трета лига – Југозапад.

Тимот од Струга немаше сили да парира на расположените „штофари“ кои играа фантастично и со висока победа го потврдија опстанокот во Втората лига и за следната сезона, па така во Тетово ќе се гледа второлигашки фудбал, а во Струга ќе се гледа третолигашки фудбал.

Резултатот го отвори Агон Елмази по одлична асистенција на Славчо Мисајловски за рано отварање на резултатот во 7. минута од средбата.

Во 29. минута од средбата со одличен прецизен шут Хисар Али ја дуплираше предноста. Во 44. минута од средбата која се играше во Ѓорче Петров погоди Азис Јамини, најдобриот стрелец на Тетекс за 3:0 на полувреме.

На стартот од вториот дел еднаш погодк за високи и убедливи 4:0 откако гол постигна Славчо Мисајловски. За 5:0 во 73. минута погоди капитенот Меритон Салији.

Следуваше втор гол на Мисајловски вистинска еврогол бомба за убедливи 6:0, а потоа Блашко Николоски постигна гол за убедливи 7:0.

Во самиот финиш се распадна Влазними со што прими уште два гола. Николовски со втор гол од белата точка постигна гол за 8:0, а во финишот гол даде и Лука Гавроски за конечни 9:0.

Тетекс останува во Втора лига и следната сезона, Влазними и во новата сезона ќе биде дел од Трета лига – Југозапад.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!