Втора лигаТрета лигаФудбал

Каменица Саса испадна од Втора лига, Еуромилк ГЛ е нов второлигаш!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Екипата на Каменица Саса се сели во Трета лига – Исток, откако загуби во бараж мечот од Еуромилк ГЛ со 1:2, со што „лисиците“ од Горно Лисиче по долги години се враќаат во Втора лига.

Натпреварот во првиот дел понуди чисти мрежи (0:0), па сите работи се решаваа во вториот дел од средбата која се играше во Кратово.

Резултатот го отвори Димитар Стојановски во 47. минута од средбата за водство на „лисиците“ од 0:1. Потоа „рударите“ останаа со играч помалку на теренот, откако Филип Николовски доби црвен картон во 53. минута.

Во 73. минута од мечот Даријан Трајчов со вистински еврогол бомба израмни на 1:1. Но, казната за тимот од Македонска Каменица стигна во самиот финиш од средбата односно во 89. минута кога искусниот голгетер и најдобар стрелец на Трета лига – Север, Орхан Мифтар постигна гол за конечни 1:2 со што Еуромилк ГЛ е нов второлигаш, а Каменица Саса е нов третолигаш.

Во судиското надополнување и Дамјан Ќосески доби црвен картон, кога веќе сите работи беа јасни.

Екс прволигашот Еуромилк ГЛ е нов второлигаш, Каменица Саса по долги години се враќа во Трета лига – Исток.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи на домашен терен и освојувајќи значаен бод. Сепак, денеска ги очекува...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!