Втора лигаТрета лигаФудбал

Камјани е нов второлигаш, Победа Валандово останува во Трета лига – Исток

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Шампионот на Трета лига – Запад, екипата на Камјани е нов второлигаш откако денес со 0:2 славеше во бараж дуелот против Победа Валандово, кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

По само осум минути игра тимот на Камјани дојде до два гола предност, а која потоа ја одржуваше во текот на целиот меч.

Победа Валандово која стана шампион во Трета лига – Исток и следната сезона ќе игра во третолигашкото друштво, откако не успеа да го помине баражот за влез во ранг погоре.

Резултатот го Штип го отвори капитенот Арлинд Берзати кој постигна гол во 5. минута од средбата. Веќе во 8. минута од средбата Арменд Адеми постигна гол за 0:2.

До крајот од мечот немаше погодоци, а по последниот судиски свиреж започна славјето на трибината каде што беа навивачите на Камјани.

Вечерва ќе се слави во Камењане овој голем успех, Камјани следната сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!