Втора лигаТрета лигаФудбал

Кожуф го декласираше Борец и избори опстанок во Втора лига

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели



Екипата на Кожуф од Гевгелија и следната сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига откако во баражот со убедливи 4:0 на Градскиот стадион во Кочани го декласираше Борец.

Шампионот на Трета лига – Југ во бледо издание не можеше да му парира на искусниот второлигаш, со што Велес и следната сезона ќе гледа третолигашки фудбал, а пак Гевгелија ќе биде на второлигашката фудбалска карта на Македонија и следната сезона 2026/2027.

Јасно беше уште во првиот дел дека Кожуф ќе го избори опстанокот кога имаше два гола предност откако Ристе Лембовски со глава биеше и го совлада Давид Димитриевски за водство на Кожуф од 1:0.

Претходно беше направен прекршок, а од слободниот удар одлично нафрли Филип Тодоровски, буквално му ја намести топката на главата на Лембовски кој рутински биеше за отварање на резултатот во Кочани.

Пред крајот на првиот дел токму Тодоровски го стресе мрежата на Борец за 2:0 по асистенција на Веби Исмали, откако Кожуф тргна во брза транзиција кој заврши со двојна предност на пауза.



Во 54. минута по слична ситуација како за првиот гол брза транзиција на Кожуф, а тоа го казни Петар Гугуљанов за 3:0.

По корнер на Тодоровски од десната страна и неколку скока на топката пред голот на Борец, искусниот Дарко Стојанов со глава погоди за 4:0 во 71. минута, а воедно тоа беше и конечниот резултат.

Кожуф останува во Втора лига и следната сезона, а Борец во Трета лига – Југ.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!