РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Секој натпревар за нас е важен, одиме да победиме

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација утре во Сараево ќе одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина, а селекторот Гоце Седлоски за овој дуел ќе смета на комбиниран состав со неколку нови фудбалери.

На денешната официјална прес-конференција, Седлоски истакна дека и покрај тоа што станува збор за пријателски натпревар, очекува максимален пристап од своите избраници и добро издание на теренот.

Македонија на стадионот „Асим Фехатовиќ-Хасе“ ќе има можност да тестира повеќе варијанти и да им даде шанса на фудбалерите кои досега имаа помала минутажа во националниот тим.

Селекторот потенцираше дека најважно е репрезентацијата да остави позитивен впечаток и да продолжи со добрите настапи и во овој подготвителен период.

„Сакаме да се докажеме и тимски и резултатски. Најважно е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што можеме. Ќе дадеме максимум, а нека победи подобриот. Ние сме фокусирани на нашата игра и на тоа како ќе ги одиграме овие 90 минути, но и Босна сигурно има мотив да се покаже во добро светло пред своите навивачи.

На Босна и Херцеговина ѝ посакувам успех на Светското првенство. Заслужуваат честитки, ја елиминираа Италија, исто како што и ние тоа го направивме во претходниот бараж. Но, сега следуваат нови предизвици и постојано мора да се докажуваме.

За нас нема пријателски натпревари. Секогаш излегуваме на терен со желба да се претставиме во вистинско светло и да победиме. Сакам на најдобар можен начин да се подготвиме за Лигата на нациите. Се надевам дека ќе бидеме поефикасни во нападот.

Играме против силни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Ќе се обидеме да постигнеме голови, но многу ќе зависи и од противникот. Мора да бидеме компактни. Играчите се подготвени и задоволен сум од тоа како работевме во изминатите денови.

Новите фудбалери донесоа свежина во тимот, а добро беа прифатени и од останатите репрезентативци. Повикав повеќе нови играчи и сите ќе добијат шанса да се докажат. Дел од нив ќе стартуваат и на утрешниот натпревар.

Елези играше добро во Сараево и заслужено е на списокот. Имаме два натпревари и сигурно ќе добие минутажа. Не е само тој новитет во споредба со мартовскиот циклус. Повикавме играчи и од домашното првенство и од странски лиги. Верувам дека имаат квалитет за националниот тим.

Имам неколку варијанти за замена на повредениот Барди, а конечната одлука ќе ја донесам по денешниот тренинг“, изјави Седлоски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

Дејан Јакимовски е нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Дејан Јакимовски да биде назначен за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ, на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде нов селектор на македонската репрезентација до 21 година. Таневски досега...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија одигра храбро, но без сили против моќната Бугарија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Европското...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес против Бугарија го отвора четвртиот ЕвроВолеј во низа

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација попладнево го започнува настапот на четвртото Европско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!