РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Димитриевски: Се надевам на нова „чиста мрежа“ против БиХ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација утре во Сараево ќе го одигра пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина, а пред овој дуел на прес-конференција говореше голманот Столе Димитриевски.

Искусниот чувар на мрежата истакна дека атмосферата во националниот тим е одлична, и покрај промените во составот во однос на претходните собири.

„До претходниот натпревар секое мое присуство на прес-конференција значеше „чиста мрежа“. Се надевам дека ќе се вратиме на тоа. Сега се подготвуваме за Босна и Херцеговина и сакаме да одиграме квалитетен натпревар во двата правци.

Подолго време сум во добра форма и се чувствувам одлично. Мислам дека влегувам во најдобрите денови од кариерата. Кај нас голманите тоа доаѓа малку подоцна, но се надевам дека ќе продолжам во ист ритам и ќе ѝ помогнам на Македонија и на идеите на селекторот.

Ќе видиме како ќе се развива натпреварот. Работевме на сите сегменти од играта, добро се подготвивме и направивме квалитетна анализа. Се надеваме дека ќе извршиме поголем притисок на противничката половина.

Натпреварите од Лигата на нации што следуваат се најважни за нас, а Босна е селекција која по стилот многу наликува на репрезентациите што нè очекуваат во наредниот период.

Новите фудбалери имаат потенцијал. Треба постепено да се вклопат во тимот, а добро беа прифатени од нас поискусните. Потребно е да продолжат да работат, да се борат и да ја заслужат шансата да играат за Македонија и во следниот циклус“, изјави Димитриевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во...

Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!