Кошарка

Скопје домаќин на завршниот турнир М16 во машка конкуренција

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на завршниот турнир во машката М16 лига, кој ќе се одржи на 30 и 31 мај во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

До ваква одлука дојде откако ниту еден од четирите клуба-финалисти не поднесе пријава на лицитацијата за организација на Ф4 турнирот од „Адастра“ младинските лиги.

Познат е и распоредот на натпреварите. Во полуфиналето, кое е закажано за 30 мај, ќе се сретнат Вардар и Работнички од 18 часот, додека вториот дуел меѓу Водно Санс и Феникс 2010 ќе започне во 20:30 часот.

На 31 мај ќе се одигра натпреварот за третото место со почеток од 18 часот, а големото финале е закажано за 20:30 часот, по кое ќе биде крунисан шампионот во машката М16 конкуренција.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ

ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

30.МАЈ (САБОТА)

18.00: Вардар – Работнички (1)

20.30: Водно санс – Феникс 2010 (2)

31.МАЈ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

18.00: Поразен 1 – Поразен 2

ФИНАЛЕ

20.30: Победник 1 – Победник 2

Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија ги дозна противниците во Лигата на нации, Андов: Верувам во потенцијалот на оваа генерација!

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. На денешната ждрепка, одржана во Нион,...

ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше во тешка позиција. Македонскиот репрезентативец влезе во 62. минута на местото...

Поврзани написи
Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

Кошарка

Димитријевиќ со 14 поени и пет асистенции во големата победа на Арис над Панатинаикос

Ненад Димитријевиќ беше меѓу носителите на играта на Арис во победата над...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!