Прва лигаФудбал

Шкендија и Јетон Беќири ја завршија соработката по историскиот европски успех

Сподели
Сподели

Тетовска Шкендија официјално потврди дека Јетон Беќири повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, откако двете страни решија да ја завршат соработката по крајот на сезоната 2025/2026.

Од клубот соопштија дека договорот на Беќири истекол со завршувањето на натпреварувачката сезона, а по заедничка анализа и проценка било одлучено во овој момент патиштата да се разделат, со што се затвора едно значајно поглавје во поновата историја на Шкендија.

Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година и во периодот минат на клупата на тетовскиот клуб успеа да остави сериозен белег. Под негово водство, Шкендија ја освои шампионската титула во сезоната 2024/2025, а клубот ја имаше и најуспешната европска кампања во својата историја.

Тетовци стигнаа до лигашката фаза од Конференциската лига на УЕФА, а потоа обезбедија и пласман во плејоф рундата од натпреварувањето. Во текот на европската сезона, Шкендија одигра дури 16 натпревари на меѓународна сцена, што претставува рекорд за македонски клуб.

Сепак, и покрај историскиот успех во Европа, Шкендија сезоната на домашната сцена ја заврши без трофеј. Тетовскиот состав заврши како вицешампион во Првата македонска фудбалска лига, а во финалето од Купот на Македонија беше поразен од Силекс.

Од Шкендија упатија благодарност до Беќири за неговиот придонес, професионалност и посветеност, со желби за многу здравје и успеси во продолжението од неговата тренерска кариера.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!