Прва лигаФудбал

Фабијани пристигна на клупата на Вардар: Аргентинецот ќе го води шампионот во Европа

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Македонскиот шампион Вардар и официјално го промовираше Кристијан Фабијани за нов шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, откако клубот по освојувањето на шампионската титула остана без досегашниот стратег Гоце Седлоски.

42-годишниот аргентински тренер пристигнува во Скопје со интернационално искуство и амбиција да го предводи Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите, но и во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, каде скопскиот клуб ќе ја брани шампионската титула.

Фабијани како фудбалер настапуваше за повеќе клубови во Аргентина, Израел и Романија, а во кариерата освои титула во Израел со Беитар во 2007 година, како и шампионатот на Романија со Клуж една година подоцна.

Тренерската кариера ја започна во 2021 година во Феникс де Пилар, а потоа беше дел од Депортиво Риестра и Депортиво Мерло. Последниот ангажман го имаше во аргентинскиот гигант Њуелс Олд Бојс, клубот каде што фудбалски израсна легендарниот Лионел Меси. На клупата на Њуелс во текот на 2025 година забележа 27 натпревари и просек од 1,33 освоени поени по натпревар.

Во наредниот период Вардар ќе го комплетира и стручниот штаб, а од Фабијани се очекува да внесе нова енергија и модерен стил на игра во редовите на актуелниот шампион.

„Добредојде во црвено-црното семејство, Кристијан Фабијани! Аргентинскиот стратег со богато фудбалско и тренерско искуство пристигнува во ФК Вардар со јасна визија – модерен, офанзивен и дисциплиниран фудбал. „Болен сум по тактика“ – порака која најдобро го опишува новиот кормилар, човек кој носи јужноамериканска енергија, страст и амбиција да го подигне Вардар на уште повисоко ниво. Пред нас е нова ера и нов предизвик. Да почнеме заедно. Добредојде, тренеру!“, се вели во соопштението на ФК Вардар.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) Димоски: Шкендија има најголем квалитет во лигата, во Штип одиме по трите бодови!

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија, денес ќе гостува во Штип,...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а...

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!