Прва лигаФудбал

“Лавовите” со победа, “романтичарите” со пораз се одјавија од Прва лига

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Драматичното последно коло во Прва македонска фудбалска лига донесе големи разочарувања за два поранешни шампиони на Македонија.

Работнички и Македонија ЃП од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората лига, откако не успеаја да обезбедат опстанок во македонската фудбалска елита.

Работнички на домашен терен доживеа тежок пораз од Тиквеш со 1-3 и така ја заокружи една од најтешките сезони во поновата клупска историја.

Кавадарчани одиграа сигурен натпревар и уште во првиот дел создадоа голема предност. Лавал го отвори резултатот во 32. минута, а само неколку минути подоцна Стојкоски зголеми на 0-2. Во второто полувреме Сила постигна и трет погодок за гостите, додека Егзон Белица во самиот финиш само го ублажи поразот на „романтичарите“.

Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП со победа се прости од прволигашката сцена, совладувајќи го Силекс со 4-2.

Домашните поведоа преку Еступињан, кој атрактивно стрелаше по нафрлена топка од левата страна, но Силекс израмни преку Мишов од пенал. Во вториот дел „лавовите“ одиграа офанзивно и преку расположениот Гереро стигнаа до висока предност од 3-1.

Кратовци преку Илија Донов успеаја да внесат неизвесност со погодок за 3-2, но во судиското продолжение Ајдоган реализираше пенал и ги постави конечните 4-2.

Сепак, и покрај победата, Македонија ЃП не успеа да се спаси од испаѓање, па заедно со Работнички и Шкупи следната сезона ќе игра во второлигашката конкуренција.

Во баражите за опстанок во Првата лига ќе настапат АП Брера Струмица и Пелистер. Струмичани ќе се соочат со Скопје, додека битолчани ќе играат против Шкендија Арачиново.

Во европските натпреварувања Македонија следната сезона ќе ја претставуваат новиот шампион Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите, како и Шкендија и Силекс во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен во Тирана, продолжувајќи со одличните настапи на меѓународната сцена. Рељиќ турнирот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!