Ракомет

Кукуловски пред Тиквеш: „Ќе го дадеме максимумот за сезоната да ја завршиме со победа“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По големата победа над МОЛ Татабања во првиот меч од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, охриѓани повторно се враќаат на обврските во домашниот шампионат. Пред реваншот за европскиот трофеј, тие утре ќе го одиграат последниот натпревар од плеј-офот во Супер Лигата против ГРК Тиквеш.

Иако првично натпреварот требаше да се игра во Кавадарци, поради напорниот финален меч, патувањето за Унгарија и густиот распоред пред реваншот, дуелот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“, каде Охрид ќе се обиде сезоната во домашното првенство да ја затвори со позитивен резултат.

Во пресрет на средбата, левиот бек од редовите на Охрид- Дејан Кукуловски посочи дека тимот нема многу време за подготовка по европскиот натпревар, но и покрај тоа очекува максимален ангажман против младиот и борбен состав на Тиквеш, со цел сезоната во Супер Лигата да заврши со уште една победа.

„После натпреварот со Татабања ни следува и последниот натпревар од домашното првенство против екипата на Тиквеш. Станува збор за млада и борбена екипа, па нѐ очекува еден тежок натпревар за кој немаме многу време за подготовка, но ќе излеземе максимално мотивирани и ќе го дадеме нашиот максимум за да ја завршиме сезоната во домашното првенство со уште една победа.“- изјави Кукуловски.

ФОТО: ГРК Охрид

Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и ГРК Тиквеш се игра утре од 17:00 часот во „Билјанини Извори“, по што вниманието на охриѓани целосно ќе биде насочено кон реваншот за европската титула.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...

Поврзани написи
Ракомет

Богданци се мобилизира за првата победа на Младост 1977 – клубот повика на полна сала „Млаз“ против Тиквеш!

Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци...

Ракомет

Пилиповиќ, поранешниот голман на охриѓани, меѓу најдобрите во ЛШ!

Името на Кристијан Пилиповиќ повторно се најде во фокусот на европскиот ракомет,...

Ракомет

Валах меѓу најдобрите голмани во ЛШ!

Голманот на Вардар, Милош Валах, остави силен статистички белег во групната фаза...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!