Втора лигаПрва лигаФудбал

Прволигашките баражи ќе се играат во Битола и Кавадарци

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Прва македонска фудбалска лига за следната сезона.

На стадионот во Битола силите ќе ги одмерат АП Брера Струмица и Скопје. Струмичани ќе се обидат да го задржат прволигашкиот статус, додека Скопје ќе атакува на враќање во македонската фудбалска елита.

Во Кавадарци, пак, ќе се одигра вториот бараж дуел меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново. Битолчани ќе водат битка за опстанок во Првата лига, додека второлигашот од Арачиново ќе се надева на историски пласман во најсилната конкуренција, дознава Спортска Мрежа, а се чека потврда во текот на утрешниот ден од страна на ФФМ.

Победниците од двата натпревари ќе обезбедат место во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027.

Бараж средбите се закажани за недела, 31 мај, со почеток од 16:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото првенство. Олимпија денес го совлада Марибор со 1:0 на „Људски врт“,...

Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито со Баскет Кам, Клири блесна со 36 поени за трета победа во низа!

Кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, откако во дербито на третото коло го совладаа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тренчовски го освои „Људски врт“: Олимпија со Митровски славеше во големото дерби

Југослав Тренчовски и Димитар Митровски се радуваа на вредна победа во словенечкото...

Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирање на 10. коло ?

Денес ќе биде комплетирано десеттото коло во Втората македонска фудбалска лига, а...

ФудбалФутсал

Црна Река подготвена патува во Штип за дербито со Мал Ајакс

Денес во Штип ќе се одигра дербито на 3. коло во Втората...

ФудбалФутсал

Во меч со 11 гола Јувентус Серава го доби Осогово од Крива Паланка

Повеќе од атрактивен натпревар се одигра вечерва, Јувентус Серава ја доби голеадата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!