РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија ги започна подготовките за дуелите со БиХ и Турција: Аломеровиќ го оствари сонот за А репрезентацијата

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација денеска официјално ги започна подготовките за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево (29. мај) и Турција во Истанбул (1. јуни).

На собирот во хотел „Хилтон“ селекторот и стручниот штаб ги имаа на располагање речиси сите повикани фудбалери. Во репрезентативната база недостасуваа капитенот Енис Барди и Елиф Елмас, кои вечерва ќе му се приклучат на националниот тим, како и Агон Елези, чиe доаѓање е најавено за утре.

Еден од дебитантите во најдобриот состав, Дин Аломеровиќ, не го криеше задоволството од повикот во А репрезентацијата и истакна дека ова е исполнување на неговиот долгогодишен сон.

„Чувството е прекрасно, со голема чест и задоволство сум тука. Желба ми беше од мали нозе да дојде денот да заиграм за А репрезентацијата. Порано бев член во сите младински категории, а сега, фала му на Господ, се најдов тука и во сениорскиот тим. Со добрите игри и благодарение на стручниот штаб, мојата желба се исполни”.

“Ги познавам половина од играчите, но сакам да верувам во тимот. Знам дека имаме квалитет да се носиме со сите, па така и со Босна и Турција. Сè е до стручниот тим и начинот на кој ќе нè постават. Мислам дека нема да имаме проблем на овие две средби“, изјави Аломеровиќ.

Македонија на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентација на Босна и Херцеговина, додека на 1 јуни во Истанбул ќе се соочи со селекцијата на Турција. Двете репрезентации се учесници на Светското првенство.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака го декласираше Овче Поле со четири гола

Каршиака ја продолжува победничката низа во Втората футсал лига откако стигна до нова победа, на домашен терен со убедливи 4:0 го доби Овче...

Кошарка

Рикиќ со 29 поени го предводеше Работнички до „пет од пет“

Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со 89:79 на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“ и ја запишаа петтата...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пет кошаркарки го завршуваат својот репрезентативен ангажман

Покрај промената на селекторската позиција, женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!