Втора лигаФудбал

Јорданчо Наумоски испиша редок подвиг: Петта промоција од Втора во Прва лига!

Сподели
Сподели



Искусниот фудбалер Јорданчо Наумоски продолжува да испишува значајни страници во својата кариера, откако сезонава стигна до својата петта промоција од Втората во Првата македонска фудбалска лига.

Наумоски оваа сезона беше дел од Брегалница, која ја освои шампионската титула во Втора македонска фудбалска лига и од следната сезона повторно ќе настапува во македонската елита.

За 31-годишниот фудбалер ова е петти ваков успех во кариерата, со што уште еднаш потврдува дека се работи за играч кој знае како се освојуваат шампионати и обезбедуваат промоции во повисок ранг.

Интересно е што дури двапати успеал да избори влез во Првата лига со Победа. Првата промоција ја оствари во сезоната 2015/2016, а вторпат тоа му успеа во сезоната 2021/2022.

Во сезоната 2020/2021 Наумоски беше дел од Тиквеш, со кој исто така обезбеди влез во елитното друштво, додека во сезоната 2023/2024 успеа да стигне до прволигашка промоција и со Пелистер.

Фудбалската кариера Наумоски ја започна во 11 Октомври, а како млад талентиран фудбалер беше дел и од младинскиот погон на данскиот Брондби.



Во својата богата кариера на домашната сцена настапуваше и за Металург, а зад себе има големо искуство во македонскиот фудбал, каде со години важи за еден од најискусните и најсигурни играчи во второлигашката конкуренција.

Со пет промоции во кариерата, Јорданчо Наумоски дефинитивно се вбројува меѓу фудбалерите кои оставиле силен белег во битките за влез во Првата македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ГКК Штип ја запиша историската прва победа во Суперлигата, Струмица 2001 по триумфот над шампионот поразена во „Џексон“!

Кошаркарите на ГКК Штип конечно се израдуваа на првата победа во дебитантската сезона во МТЕЛ Суперлигата, откако во натпреварот од петтото коло ја...

Ракомет

Младост го декласираше Текстилец среде Штип: Антонио Каракабаков со 15 гола, Стојан Иванџиков постигна 11

Ракометарите на Младост 1977 од Богданци забележаа убедлива победа од 21:38 над Текстилец среде Штип во меч од 8. коло на Кадетската ракометна...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера може да го притисне врвот пред дербито Љуботен – Скопје

Дербито за првото место се игра во вторник, но притисокот врз водечките...

Трета лигаФудбал

Илинден го „прегази“ Кул Здравје со пет гола, хет-трик на Давид Ристовски

Непоразениот лидер Илинден забележа уште една висока победа, откако на воведниот меч...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!