ФудбалЧетврта лига

Житоше подготвено за финалето: Братство 07 и Влазними Јуниор ќе се борат за трофејот во Купот на ОФС Прилеп

Сподели
Сподели



Во четврток, на 28 мај, фудбалското внимание во прилепскиот регион ќе биде насочено кон Житоше, каде што ќе се одигра големото финале од Купот на Општински фудбалски сојуз Прилеп.

Во битката за трофејот силите ќе ги одмерат ФК Братство 07 Житоше и Влазними Јуниор од Пресил, а натпреварот ќе се одигра на стадионот во Житоше со почеток од 17:00 часот.

Од редовите на домашниот клуб упатија повик до љубителите на фудбалот и до жителите на Житоше да присуствуваат на натпреварот и да создадат вистинска финална атмосфера на трибините.

Се очекува интересен и неизвесен натпревар, во кој двете екипи ќе се обидат сезоната да ја крунисаат со освојување на трофејот во Купот на ОФС Прилеп.

Финалните натпревари традиционално носат посебна емоција, а во Житоше се надеваат дека пред полни трибини ќе бидат сведоци на вистински фудбалски спектакл.

Во минатото екипата на Братство 07 од Житоше се натпреваруваше во Втора лига – Исток.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!