ФудбалЧетврта лига

Огражден сака да го освои Дрвош, Слога Злеово ќе бара три бода во Радово, Спартмани цели на триумф!

Сподели
Сподели



Утре се играат натпреварите од претпоследното коло на Општинската фудбалска лига во Струмица, а во рамки на истото лидерот Огражден од Ново Село ќе гостува кај Дрвош, каде ќе бара три бодови со цел да го сочува врвот.

Слога од Злеово ќе биде пред предизвик да ги освои бодовите против „фенерџијата“ Напредок од Радово, се освен триумф за гостите од радовишкото село ќе биде изненадување.

Спартмани цели на само на триумф и три бодови во дуелот против Илинден, а тимот од Добрејци сака да изненади во Балдовци.

Интер Кукла после поразот од Дрвош во претходното коло има идеална шанса да им се врати на победите, на домашниот терен во Куклиш го пречекува тимот на Единство од Пиперово во улогата на фаворит.

На врвот е Огражден со 25 бодови, втор е тимот на Интер Кукла со 23 бодови, на третото место е Спартмани со 20 бодови, но со меч помалку.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив во Кавадарци, три бода за Јувентус Серава, Шкупи ја доби голеадата со СЕЕ Университи

Јувентус Серава стигна до триумф над Железарец на гостински терен добивајќи го мечот од 6. коло на Првата футсал лига со резултат од...

Ракомет

Алкалоид убедлив против Мулти Есенс – Дамјан Митев со 11 погодоци!

Ракометарите на Алкалоид ја продолжија суперлигашката сезона со сигурно издание и убедлива победа над Мулти Есенс. Во второто меѓусебно соочување на двете екипи...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив во Кавадарци, три бода за Јувентус Серава, Шкупи ја доби голеадата со СЕЕ Университи

Јувентус Серава стигна до триумф над Железарец на гостински терен добивајќи го...

КупФудбал

КУП: Ангелчо Ристов ќе им суди на Брера Струмица и Арсими

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на денешниот меч меѓу Брера...

КупФудбал

КУП: Брера утре во Струмица го пречекува Арсими

Утре ќе се добие последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!