Ракомет

Ракометните тренери на семинар во Струга: Задолжително обновување на лиценците за сезоната 2026/2027

Сподели
ФОТО: ЗРТМ
Сподели



Здружението на ракометни тренери на Македонија (ЗРТМ), во соработка со Европската ракометна федерација (ЕХФ) и Ракометната федерација на Македонија, на 13 јуни ќе организира задолжителен семинар за обновување на тренерските лиценци за сезоната 2026/2027.

Овогодинешниот семинар ќе се одржи во Струга, поточно во Спортскиот центар „Тими“, наместо во Охрид како што беше пракса во претходните години.

Семинарот е од задолжителен карактер и се однесува на сите ракометни тренери, а учесниците ќе имаат можност да проследат предавања, практични сесии и презентации поврзани со најновите трендови во современиот ракомет.

Организаторите најавуваат квалитетна програма и едукација која ќе биде важен дел од подготовката на тренерите за новата натпреварувачка сезона 2026/2027.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!