Кошарка

Водно Санс е шампион во М20 кошаркарската лига

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарите на Водно Санс се нови шампиони во М20 лигата, откако во финалниот натпревар од завршниот турнир славеа против Вардар со 93:86, во меч исполнет со квалитетна и ефикасна кошарка.

Уште од самиот старт, младите кошаркари на Водно Санс наметнаа силно темпо и ја презедоа контролата врз резултатот. Во првата четвртина постигнаа дури 30 поени, додека Вардар остана на 19, што им донесе солидна предност.

Во вториот период, „вардарци“ предводени од Ѓорѓевиќ и Данев успеаја да ја намалат негативата, па на средината од четвртината се доближија на само еден поен разлика (33:34). Сепак, избраниците на тренерот Горан Андреевски одговорија со серија од 10 поени и повторно се одлепија на двоцифрена разлика (44:33).

До крајот на првото полувреме, Водно Санс дополнително ја зголеми предноста и замина на пауза со водство од 50:37, најмногу благодарение на расположениот тандем Димитриев и Сребров.

Во второто полувреме, шампионскиот состав продолжи во ист ритам. Во 27. минута Водно Санс имаше и највисоки „плус 19“ (72:53), а пред последната четвртина водеше со 78:65.

Иако Вардар во финишот се обиде да се врати и намали на 84:89 на нешто повеќе од три минути пред крајот, Водно Санс успеа мирно да го приведе натпреварот до крај и да стигне до шампионскиот трофеј.

Најефикасен кај победникот беше Митев со 31 поен, шест асистенции и пет скока. Димитриев оствари „дабл-дабл“ од 17 поени и 12 скока, Сребров додаде 13 поени, а Ванчов 14. Трајанов средбата ја заврши со 10 поени и 11 скока.

Во редовите на Вардар се истакна Ѓорѓевиќ со 28 поени, Данев постигна 18 поени и 11 скока, додека Младеновски запиша 23 поени, седум скока и пет асистенции.

Во натпреварот за третото место, екипата на Феникс 2010 убедливо го совлада Кожув со 94:70.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М20 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Феникс 2010 82:78

Водно санс – Кожув 84:65

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

Феникс 2010 – Кожув 94:70

ФИНАЛЕ

Вардар – Водно санс 86:93

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!