Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром со победа ја отвори финалната серија против Маџари

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Бранителот на титулата, МЗТ Скопје Аеродром, со победа ја отвори финалната серија во домашниот шампионат, откако во првиот натпревар од плејофот славеше против Маџари со 84:77 во СЦ „Јане Сандански“.

Дебитантот во елитното друштво покажа дека заслужено стигнал до финалето и во поголем дел од првото полувреме имаше контрола над резултатот. Гостите поведоа и со највисоки плус девет (33:24), а имаа и предност од седум поени (35:28), пред домаќинот да одговори со серија од 17:3 и целосно да го сврти текот на мечот. На паузата, аеродромци заминаа со водство од 45:40.

Во третата четвртина Маџари повторно се доближи, намалувајќи на само два поени негатива (54:56), но искуството на МЗТ повторно дојде до израз. До крајот на периодот шампионот повторно се одлепи на 69:61, а по тројката на МекКејден на стартот од последната четвртина, предноста стана и двоцифрена (72:61), што домаќините успешно ја зачуваа до самиот крај.

Најефикасен кај „металците“ беше Маслинко со 17 поени и три скока. Танасковиќ додаде 15 поени и седум скока, додека МекКејден и Дамјан Стојановски постигнаа 14, односно 12 поени.

Кај Маџари, Луис одигра одличен натпревар и запиша 27 поени, осум скока и три асистенции, додека Армстронг натпреварот го заврши со 19 поени, осум скока и осум асистенции.

Вториот финален натпревар ќе се игра во среда од 18 часот, повторно во СЦ „Јане Сандански“, а шампионската титула ќе ја освои екипата која прва ќе стигне до три победи во серијата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!