Младински фудбалФудбал

ФОТО: Неготино беше вистински домаќин: Успешно заврши завршниот турнир од ФФМ Детската лига

Сподели
ФОТО: ГФК Неготино / Леонид Велинов
Сподели

ГФК Неготино уште еднаш се покажа како одличен организатор и вистински спортски домаќин, откако успешно беше реализиран завршниот турнир од ФФМ Детската фудбалска лига за Централниот регион.

Градскиот стадион во Неготино беше исполнет со детска радост, многу емоции, атрактивни потези и фер-плеј, а младите фудбалери покажаа дека македонскиот детски фудбал има светла иднина.

На турнирот настапија дури 35 генерации, а беа одиграни вкупно 23 натпревари во одлична организација на ГФК Неготино. Натпреварите поминаа во спортски дух и позитивна атмосфера, додека трибините беа исполнети со родители, тренери и љубители на фудбалот кои им даваа поддршка на најмладите.

Од клубот упатија благодарност до сите екипи, тренери, родители и посетители кои беа дел од овој спортски настан и придонесоа за прекрасната атмосфера на стадионот во Неготино.

Со вакви настани Неготино уште еднаш потврди дека знае да биде вистински домаќин на големи спортски случувања, а ГФК Неготино покажа сериозен организациски капацитет во развојот и афирмацијата на младинскиот фудбал.

Честитки за финалистите во сите шест генерации, а на најуспешните им претстои настап на финалниот турнир во Скопје.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!