Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име во „сино-белиот“ табор е францускиот ракометар Адама Кеита.

Искусното лево крило потпиша договор со охридскиот клуб за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување и за 2027/2028. Кеита има 28 години, висок е 186 сантиметри и во Охрид ќе го носи дресот со број 9.

Французинот во Охрид доаѓа од грчки АЕК, а претходно дури осум сезони беше дел од ракометниот гигант ПСЖ, со кој освои бројни титули на домашната и меѓународната сцена.

Кеита има и богато репрезентативно искуство во младинските селекции на Франција, а во 2017 година освои бронзен медал на Светското јуниорско првенство.

По потписот за ГРК Охрид, францускиот интернационалец не го криеше задоволството од новиот предизвик.

„Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи“, изјави Адама Кеита.

Со ангажманот на Кеита, ГРК Охрид испраќа јасна порака дека амбициите на клубот за следната сезона ќе бидат уште поголеми.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“, кој ќе го има своето четврто издание, со богата спортска програма...

Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а во истата ќе се натпреваруваат 14 екипи. Познати се сите екипи,...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Салата „Млаз“ во Богданци има нов режим на влез – ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Младост в сабота го игра првиот домашен меч во Супер лигата против...

Ракомет

Вардар се врати во елитата со храбра битка, но Мелсунген ги освои бодовите

Вардар не успеа со позитивен резултат да го одбележи враќањето во Лигата...

Ракомет

ЖРК Астибо врши уписи – мали ракометарки, големи соништа: Дојди да ја фрлиме првата топка заедно

Женскиот ракомет во Штип добива нова можност за развој и создавање на...

Ракомет

Три причини зошто во сабота треба да бидете во салата „Млаз“ во Богданци

Младост се врати во Суперлигата, а по ремито 30:30 против Бутел во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!