ИнтернационалциФудбал

Бехар Фета го освои Купот на Словенија – македонскиот фудбалер блеска во дресот на Алуминиј!

Сподели
Сподели



Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бехар Фета, стигна до голем успех во својата кариера, откако со екипата на Алуминиј го освои Купот на Словенија.

Во големото финале, Алуминиј славеше минимална победа од 0:1 против Гросупље и така стигна до трофејот. Човек на одлука беше интернационалецот од Гамбија, Бамба Сусо, кој го постигна победничкиот погодок во 78. минута од натпреварот. Претходно, во 70. минута, Само Матјаж од редовите на Гросупље заработи директен црвен картон.

Фета игра во одлична форма оваа сезона, а тоа го потврди и во полуфиналето од Купот, кога токму по неговата асистенција Алуминиј со 0:1 го совлада Браво и обезбеди место во финалето.

Одличните партии на 23-годишниот фудбалер не минуваат незабележано. Како што претходно објави „Спортска Мрежа“, за Фета интерес покажуваат неколку европски клубови, меѓу кои италијанска Џенова и хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Бехар Фета својата фудбалска приказна ја започна во Фортуна, потоа настапуваше за Њу Старс и Шкендија Тетово, а по тоа беше дел од Воска Спорт, каде што успеа да избори пласман од Втора во Прва лига. Добрите настапи му донесоа трансфер во Марибор, потоа и настапи за Домжале, а сега со Алуминиј стигна и до освојување на Купот на Словенија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!