Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ со петарда за Куманово – „лисиците“ го подигнаа шампионскиот пехар!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ денес го доби пехарот за шампион на Трета лига – Север, со што „лисиците“ од Горно Лисиче ќе играат бараж за враќање во Втора лига.

Инаку, денес Еуромилк ГЛ играше против Куманово, каде со 5:0 беше убедлив за нов триумф. Хусеин Демири беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Зенговски, Јаневски и Исмаиловски.

Беса од Слупчане се соочи со Беса од Сарај, а во овој меч победник беше домаќинот со 2:1 преку двата гола на Мерван Фетаи, а за гостинот погоди Амар Мустафа.

БВК Коњаре на домашен терен против Пчиња забележа пораз во меч со единаесет гола (6:5). За домашниот тим сите пет гола ги постигна Гезим Бакиевски, додека пак за гостинот стрелци беа Нешевски, Митревски, Томовски и Топчиевски, а пак Васиќ беше двоен стрелец.

Ржаничино пред домашната публика против Студеничани стигна до триумф од 2:0 со головите на Здравковски и Бошковски кои погодија во првиот дел.



Аеродром и Фортуна ремизираа играјќи 2:2 за делба на бодовите. Атанасовски и Киприновски беа стрелец за домашниот тим, за гостинот Исмаили беше двоен стрелец.

„Фенерџијата“ Лопате го доби некогашниот второлигаш Кадино со резултат од 4:2. Двојни стрелци за домаќинот во меч кој се играше во Доброшане беше Ајдини, а по еден гол постигнаа Незири и Мустафи, а пак за гостинот погодија Миланов и Попоски.

Башкими Љуботен загуби од Отља со минимални 0:1, а стрелец на победничкиот гол беше Аљбин Амети.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!