Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Камјани го доби шампионскиот пехар, по три бода за Ренова и Влазерими

Сподели
Сподели

Новиот шампион во Трета лига – Запад, екипата на Камјани која ќе игра бараж за влез во Втора лига, денес во рамки на 21. коло играше против Скендебеу, каде забележа победа од 3:0.

Џемаили и Нуредини погодија во првиот дел, а во вториот дел стрелец беше Синани.

По завршување на натпреварот беше доделен шампионскиот пехар на екипата на Камјани.

  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР НА КАМЈАНИ:

Некогашниот прволигаш Ренова на домашен терен против Речица славеше триумф од 4:3. Саити беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ејупи и Османи, за гостинот Иљази погоди, како и Шаќири и Зеќири.

Џепчишти против Напредок од Кичево впиша триумф од 3:1. Саљиу погоди во 12. минута за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Селмани зголеми на 2:0, а пак Мирчески во 81. минута намали на 2:1. На пет минути пред крајот Садики постигна гол за конечни 3:1.

Љуботен како домаќин против Влазерими од Кичево играше во Брвеница со погодоци на Албулен Имери, кој беше стрелец на сите три гола за триумф од 0:3.

Добришти добива службени три бода од мечот со Дрита, бидејќи гостинот не се појави да го одигра натпреварот.

„По 30 минути чекање, гостинската екипа КФ Дрита не се појави на теренот. Присутни беа сите службени лица: судиите, делегатот, контролор на натпреварот и полициските службеници. Домашниот тим беше присутен на теренот“, се вели во записникот од мечот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!