Ракомет

Лазаров го стартуваше походот кон СП 2027: Репрезентацијата на прва прозивка пред Словачка!

Сподели
Сподели

Машката сениорска репрезентација на Македонија го одржа официјалниот собир пред клучниот бараж натпревар против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Дуелот ќе се одигра на 14 мај во 19:00 часот во Прешов, Словачка.

На собирот беше присутен целиот репрезентативен состав и стручниот штаб, кои го означија почетокот на завршните подготовки за овој важен предизвик. Атмосферата беше работна и мотивирачка, со јасен фокус на претстојниот бараж.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, лично ги поздрави репрезентативците и стручниот штаб и им посака многу среќа, борбеност и успешен настап во решавачкиот натпревар кој носи билет за светската сцена.

Сè е насочено кон  овој двомеч, кој може да ја отвори вратата кон уште едно, ново големо ракометно поглавје.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!