Прва лигаФудбал

Мурати: Верувам дека притисокот врз домаќините ќе биде наша предност

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На две кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Арсими и Башкими ќе водат директна пресметка која може да биде клучна во битката за опстанок.

„Златните“ бодови се во игра, а влогот е огромен за двата тима кои сакаат и следната сезона да останат дел од елитното друштво.

Домашниот состав на Арсими влегува во дуелот во добра форма, со освоени 10 бодови на последните пет натпревари, додека Башкими дополнително ја крена самодовербата по големата победа над Шкендија.

Кумановскиот тим гостува во Гостивар со јасна цел – да обезбеди сигурен опстанок и да направи голем чекор кон исполнување на сезонската задача.

„Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Арсими бара бодови за бегство од зоната на баражот, додека Башкими сака крај на сезоната без грижи. Ние сме екипи кои меѓусебно се почитуваат, но во текот на тие 90 минути секој ќе се бори за ‘златните’ три бода,“ изјави Реџеп Мурати.

Според него, притисокот е на страната на домаќинот, што може да биде предност за кумановци.

„Се надевам дека од Гостивар ќе се вратиме со победа и успешно ќе ја запечатиме нашата прва сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Верувам дека притисокот врз домаќините ќе биде наша предност,“ додаде Мурати.

Во досегашните 10 меѓусебни пресметки меѓу овие две екипи, Арсими забележал 5 победи, 2 натпревари завршиле нерешено, додека Башкими триумфирал 3 пати.

Натпреварот помеѓу Арсими и Башкими ќе се одигра на стадионот во Гостивар, со почеток во 16:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!