Прва лигаФудбал

„Романтичарите“ немаат право на грешка на гостувањето во Струмица

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На само три кола до крајот на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, Работнички сè уште ја води жестоката битка за опстанок и нема простор за нов кикс.

„Романтичарите“ денеска ги очекува тешко гостување кај АП Брера во Струмица, натпревар во кој единствена цел за скопскиот состав се трите бода.

Борбата за избегнување на опасната зона станува сè понеизвесна, а секој бод може да биде пресуден во финишот од сезоната. Работнички ќе мора да покаже карактер и стабилност токму во моментите кога притисокот е најголем.

„Целта се трите бода. Немаме право на грешка, фокусирани сме да победиме. На минатите два натпревари испуштивме многу значајни бодови и сега немаме друга алтернатива. Брера исто така е во загрозена зона, се работи за млад и квалитетен состав, но ние само со триумф ќе продолжиме да се надеваме дека можеме да обезбедиме опстанок“, изјави капитенот Бесир Демири.

Во пресрет на натпреварот од 31.коло, АП Брера се наоѓа на деветтата позиција со 36 бода, додека Работнички е на 11.место со 29 бода.

Натпреварот меѓу АП Брера и Работнички стартува од 16 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!