Втора лигаМладински фудбалФудбал

Осогово ќе одбележи 30 години од историскиот младински Куп-трофеј

Сподели
Сподели



ГФК Осогово денес ќе одбележи 30 години од најголемиот успех на младинскиот фудбал во клупската историја – освојувањето на Купот на Македонија во 1996 година.

По тој повод, од клубот упатија повик до сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот со масовно присуство да им оддадат почит и признание на генерацијата која испиша историја за кочанскиот клуб.

Свеченоста ќе се одржи на Градскиот стадион „Никола Мантов“ со почеток од 16:00 часот, а во рамки на настанот ќе бидат доделени благодарници на фудбалерите и членовите на стручниот штаб кои беа дел од шампионската генерација.

Признанија ќе добијат фудбалерите: Александар Алчинов, Дарко Иванов, Игор Богатинов, Мијалче Сенев, Ефтим Стојанов, Симеон Јорданов, Стефан Јанев, Ристо Трајанов, Зоран Шуманов, Крсте Крстев, Александар Соколов, Драган Петров, Ивица Костадинов, Игор Коцев, Ристе Иликовски, Трајче Пеливанов, Симеон Митев и Ванче Манчев.



Благодарници ќе бидат доделени и на членовите на стручниот штаб: Благој Петров, Јордан Минов, Славчо Наков и д-р Душан Данев.

Од Осогово порачаа дека ова ќе биде можност уште еднаш да се одбележи еден од најзначајните моменти во историјата на клубот и да им се искаже благодарност на луѓето кои оставија голема трага во кочанскиот фудбал.

Инаку, од 16:30 часот Осогово ќе го игра натпреварот против Брегалница од 29. коло на Втора лига.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!