Фудбал

Стадионот во Општина Илинден ќе добие трибина за 1100 гледачи – Ристовски: Вложувањата во спортската инфраструктура се инвестиција во иднината

Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на новата трибина и административно техничките простории на фудбалскиот стадион.

Трибината ќе биде со капацитет од 1100 гледачи, а во склоп на проектот што го спроведува локалната самоуправа е предвидено и изградба на нови административно технички простории, соблекувални и поставување на стадионското осветлување, како и изградба на паркинг и уредување на просторот околу стадионот.

Правата фаза од проектот опфаќа комплетна реконструкција на фудбалскиот терен со поставување на вештачка трева и нова заштитна ограда и изградба на систем за дренажа со што се доби професионална подлога за одржување на фудбалски натпревари на стадиониот кој е изграден според современите стандарди и критериуми на УЕФА.

Министерот Ристовски истакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се вложувања во развојот на спортот и во здрава иднина и посочи дека општина Илинден е една од водечките во тој дел.

„Секогаш ми претставува задоволство кога сум гостин на вакви настани кои оставаат трајни вредност и кои оставаат белег и на општината, во конкретниов случај на општина Илинден. Сите овие вложувања во спортската инфраструктура се многу важни за Министерството за спорт и за Владата, затоа што тоа се работи кои остануваат и по нашето заминување за две, три, пет или десет години. Тоа се работите на кои што сме фокусирани и ова едно продолжување од страна на градоначалникот на општина Илинден, на она што е зацртано како стратегија од стана на Министерството и на Владата за континуирано вложување во спортската инфраструктура. Многу е важно да создадеме услови за сите дечиња да може да спортуваат, да се развиваат и да се рекреираат и еден ден да станат врвни спортисти. Спортската инфраструктура е важен дел за развојот на спортот“, рече Ристовски, истакнувајќи дека Министерството за спорт секогаш ќе биде вистински партнер и ќе и помога на секоја општина која вложува во спортската инфраструктура.

Изградбата и реконструкцијата на спортската инфраструктура е еден од приоритетите во програмата на Министерството за спорт, како основа за развој и унапредување на спортот и промоција на активен и здрав начин на живот во современи и безбедни услови во урбаните и во руралните средини низ целата држава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!