Останато

Сара Митевска доминираше на турнирот Скопје Опен 2026

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на Ј60 ИТФ турнирот Скопје опен 2026 што се играше на терените на ТК Југ во Скопје. Митевска победи во двете конкуренции сингл и двојки на турнир за тенисери и тенисерки до 18 години.

Во финалниот меч Митевска (втора носителка) со пресврт ја совлада првата носителка Ема Чладова од Чешка со 2-1 во сетови (46 64 63). Македонската тенисерка на убедлив начин стигна до финалниот меч, откако во првото коло беше слободна, потоа ја совлада Александра Заплава (Полска) со 2-0 во сетови (61 и 62), а во третото коло беше поуспешна од Милиана Јурева од Русија со 2-0 (60 и 61). Во четвртфиналето ја победи Софи Мотлова (Чешка) со 2-0 во сетови (75 и 62), а во полуфиналето ја победи Софија Велстед од Данска со 2-0 во сетови (63 и 60).

Во конкуренција на двојки Сара Митевска заедно со Нина Тепиќ од Србија како први носителки во финалето во неизвесен меч ги победија Чладова и Мотлова со 2-1 во сетови (36 63 и 10-7 на поени).

Кај момчињата победи Павле Стоиљковиќ од Србија, а тој заедно со Вук Пантиќ Црнцевиќ победија и во конкуренција на двојки.

Од понеделник на терените на ТК Поинтер се одржува турнир Ј30 Скопје Поинтер Опен 2026, каде како први носители се Сара Митевска кај девојчињата и Кристијан Јанев кај момчињата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!