Кошарка

За титулата во М20 лигата ќе се борат Кожув, Вардар, Водно Санс и Феникс 2010

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Екипите на Кожув, Вардар, Водно Санс и Феникс 2010 ќе играат на завршниот турнир од М20 лигата во машка конкуренција, откако ги добија четвртфиналните серии од доигрувањето за шампионската титула.

Екипата на Вардар дојде до пласман во полуфиналето со двете победи во серијата против Младинец.

Истото го направија и младите кошаркари на Водно санс, кои во само два меча го елиминираа составот на Вибас.

Без проблеми, место во првата „четворка“ обезбеди екипата на Феникс 2010, беше подобра од кавадаречки Тиквеш Голден Игл, исто така во само две одиграни средби.

Последниот полуфиналист е екипата на Кожув.

Гевгеличани во два наврати излегоа како победници во серијата против екипата на МКК Куманово.

А согласно со пласманот во регуларниот дел од сезоната во М20 лигата, во полуфиналето следуваат мечевите во кои ќе играат:

Вардар – Феникс 2010

Водно санс – Кожув

Согласно со календарот за натпреварување, финалниот турнир во оваа возрасна категорија ќе се игра на 16 и на 17.мај, а домаќинот ќе биде одреден дополнително.

М20 ЛИГА-МАЖИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – РЕЗУЛТАТИ

Вардар – Младинец 97:48

Младинец – Вардар 59:97

*Екипата на Вардар ја доби серијата со (2-0) и се пласираше во полуфиналето

Водно санс – Вибас 103:83

Вибас – Водно санс 69:81

*Екипата на Водно санс ја доби серијата со (2-0) и се пласираше во полуфиналето

Кожув – МКК Куманово 76:65

МКК Куманово – Кожув 69:84

*Екипата на Кожув ја доби серијата со (2-0) и се пласираше во полуфиналето

Феникс 2010 – Тиквеш ГИ 92:72

Тиквеш ГИ – Феникс 2010 75:100

*Екипата на Феникс 2010 ја доби серијата со (2-0) и се пласираше во полуфиналето

ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

Вардар – Феникс 2010

Водно санс – Кожув

*Финалниот турнир ќе се игра на 16/17.мај

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!