Кошарка

Пелистер доминира во статистиката: Битолчани лидери по поени и реализација во „МТЕЛ“ Супер лигата

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната во МТЕЛ Супер лига, статистиката открива јасна слика за тимската доминација, а во центарот на вниманието е екипата на Пелистер, која предничи во неколку клучни категории.

Битолчани, предводени од тренерот Борче Даскаловски, се најдобрата поентерска екипа во лигата со просек од 91.5 поени по натпревар. Зад нив се наоѓаат изненадувањето на сезоната Маџари со 85.4, како и лидерот на табелата ТФТ со 85.0 поени во просек.

Пелистер се истакнува и со најдобра реализација за три поени (35.8%), оставајќи ги зад себе МЗТ Скопје Аеродром со 34.4% и Работнички со 33.6%. Дополнително, „зелено-белите“ се лидери и во реализацијата за два поени со 59.6%, минимално пред МКК Куманово (59.4%) и Кожув (56.9%).

Во категоријата слободни фрлања, врвот го презеде Работнички со 75.7% успешност, пред Кожув со 75.4%, додека Пелистер е трет со 74.3%.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром доминира под кошевите со просек од 40.2 скока по натпревар, повеќе од Чаир 2030 (39.4) и Маџари (39.3).

Во делот на организацијата на играта, најдобар е МКК Куманово со 21.7 асистенции во просек, пред Пелистер (19.3) и Кожув (19.2). Кумановци се лидери и во блокадите со 3.5 по натпревар, пред Работнички (3.1) и Феникс 2010 (3.0).

ТФТ е тимот со најмногу освоени топки – 8.7 по натпревар, веднаш пред Маџари (8.6) и Пелистер (8.4).

На крајот, Кожув се издвојува како најдисциплиниран тим според бројот на загубени топки, со само 11.6 во просек, подобро од МЗТ Скопје Аеродром (11.7) и Пелистер (12.4).

Сите овие бројки ја потврдуваат квалитетната и изедначена конкуренција во македонската кошаркарска елита, но и јасно ја издвојуваат екипата на Пелистер како еден од најконзистентните тимови во сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!