Кошарка

Маџари со историска победа во плеј-офот: Триумф над ТФТ по продолжение за водство од 1-0

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Екипата на Маџари продолжува да биде најпријатното изненадување во сезоната, откако славеше на гостувањето кај ТФТ со 84:82 по продолжение, во првиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија.

Дуелот одигран во салата „Лазар Лечиќ“ донесе вистинска драма и неизвесност до самиот крај, а гостите од Маџари стигнаа до првата – и историска – победа во плеј-оф натпреварите, со што поведоа со 1-0 во серијата.

Маџари имаше подобар старт и уште во првото полувреме ја презеде контролата, стекнувајќи се со предност од 19:16 по првата четвртина, а во втората делница и со највисоки +9 (31:22 и 33:24). Сепак, ТФТ успеа да се врати преку расположениот Ташовски и Говенс, намалувајќи ја негативата пред паузата.

Во второто полувреме, домаќините направија целосен пресврт и поведоа со 50:42, но Маџари не се откажа и постепено се врати во игра, намалувајќи на 52:56 пред последната четвртина.

Финишот донесе нова неизвесност. Маџари отвори со серија од 7-0 и повторно го презеде водството, а на нешто повеќе од три минути до крајот имаше и убедливи 73:62. Но тогаш на сцена стапи Говенс, кој со три тројки по ред го врати ТФТ во игра и израмни на 73:73, носејќи го натпреварот во продолжение.

Во дополнителните пет минути се играше кош за кош, со постојани промени на водството. Во драматичната завршница, Дејвис реализираше едно слободно фрлање за 82:81, но следуваше брз одговор преку Хот за 83:82. Клучниот момент го донесе Димчевски, кој реализираше едно слободно фрлање за 84:82, по што ТФТ направи уште една грешка и Маџари стигна до голема победа.

Кај победничкиот тим се истакна Грин со 19 поени, девет асистенции и три скока, Луис додаде 18 поени и седум скока, Армстронг постигна 17, а Савиќ 12 поени. Хот имаше значаен придонес со осум поени и 13 скока, додека Димчевски мечот го заврши со девет поени и десет скока.

Во редовите на ТФТ, Говенс беше најефикасен со 28 поени, додека Ташовски додаде 19. Гордон запиша осум поени и 15 скока, а Дејвис седум поени и десет скока.

Следниот натпревар од серијата ќе се одигра на 12 мај, кога Маџари ќе ја има улогата на домаќин.

Во второто полуфинале, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја отворат серијата на 6 мај (среда) од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!