Втора лигаФудбал

Кои екипи се во тешка ситуација за опстанок во Втората лига?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Остануваат уште две кола за комплетирање на есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига, во игра се уште шест бодови кои екипите би можеле да ги освојат со цел во пролетниот дел да имаат полесна задача кон остварување на своите поставени цели.

Веќе до некаде и ги имаме екипите кои ќе водат тешка борба за опстанок, екипи кои на полусезона односно за време на зимската пауза ќе треба да направат сериозен ремонт ако сакаат да имаат полесна пролет.

Вардарски е прв кандидат за испаѓање во Трета лига – Исток, односно тоа за тимот од Богданци ќе значи експресно враќање во третолигашкото друштво. Тимот е „закован“ на дното од табелата со само два бодови, со учинок од две ремија и 11 порази или во превод единствениот второлигаш кој не се израдувал на триумф. Нападот на Вардарски реализирал само девет погодоци и е вториот најлош напад, но Вардарски ја има најлошата одбрана која примила дури 36 погодоци.

Тренерската промена не дава ефект, си замина Васе Беќаров дојде Ѓоре Јовановски, но резултат нема.

Вардарски е првиот кандидат за испаѓање, но и првиот тим со најтешка борба за опстанок. Многу работи ќе треба да се променат за да се дојде до големи резултати во пролетниот дел и тимот да се избори за опстанок. Зимата ќе биде долга, колку паметно ќе се искористи останнува да видиме и дали ќе има „сончеви денови“ за Вардарски.


Во слична ситуација е и Борец, велешката фудбалска гордност минатата сезона ја помина во Трета лига – Југ и се врати назад во Втората лига, но може исто како Вардарски експресно да се врати во Трета лига – Југ.

Пред велешани е многу тешка ситуација кога е во прашање опстанокот. Само пет бодови на своето конто има Борец, со учинок од една победа, две ремија и десет порази, со најлош напад кој реализирал само шест погодоци на 13 погодоци, а одбраната приминал 24 погодоци.

Борец шанса гледа веќе следното коло против Беласица да дојде до триумф против Беласица и ќе бара позитивен резултат против Охрид на „Билјанини Извори“ во последното коло, ако сака да се надева на нешто подобра пролет кога е во прашање опстанокот, во секој друг случај пред Борец е тешка судбина на опстанок.

Осогово изгледа не ја научи лекцијата од минатата сезона кога во последното коло го обезбеди опстанокот, а сезонава е во слична ситуацијата, со тоа што после 13 кола е во бараж зоната односно на 13-тото место со осум бодови на своето конто.

Пред „жетварите“ има два натпревари на кои може да се надеваат и на освојување на сите шест бодови. Овој викенд дома ќе играат против Саса, а потоа во последното коло гостуваат во Богданци кај Вардарски.

Пред Осогово е период да се биде или не, два натпрвари кои живот значат, освојување на шестте бодови сериозно го остава Осогово во трка за директен опстанок и избегнување на баражот.


Колку „жетварите“ ќе направи позитивно изнендување како триумфот над Победа од 4:1 или негативно како високиот пораз од Новаци со 5:0 останува да видиме.

Вардар Неготино е во ситуација во која ќе води борба за директен опстанок и сезоната да се заврши на повисок пласман, но да има и мирна заршница од сезоната.

Пред Вардар Неготино е меч против Вардарски на домашен терен кој мора да се добие, а потоа следува тешко гостување против Арсими каде и бод ќе биде голем успех.

Ваквата ситуација и меѓусебните натпревари на екипите од долниот дел прават интересна и неизвесна завршница на есенската полусезона.

Победа со топло ладно дојде до 12-тото место и 13 бодови на своето конто, но пред прилепчани има уште многу работа со цел да се обезбеди опстанокот, бидејќи минатата сезона токму преку бараж Победа ја спаси сезоната и остана во Втората лига.

Овие екипи засега се пикирани да водат борба за опстанок, а право на грешка и немаат. Оваа сезона и баражот за опстанок ќе биде многу потежок, бидејќи од Трета лига доаѓаат екипи кои се многу квалитетни и кои повеќе од јасно имаат високи амбиции и многу подобри буџети од моментално пола второлигаши, а тоа е причина плус да се избегне баражот.

Кој од Втора лига би сакал бараж со Шкендија Аррачиново или Слога Виница? Предизвик во кој 90 минута може многу да одлучат.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 13 10 2 1 26 5 +21 32
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 13 9 3 1 20 9 +11 30
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 13 9 2 2 21 8 +13 29
4 ФК АРЕСИМИ-1973 13 8 2 3 22 13 +9 26
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 13 6 3 4 23 16 +7 21
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 13 5 6 2 17 12 +5 21
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 13 6 3 4 17 14 +3 21
8 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 13 4 6 3 16 13 +3 18
9 ЗФК НОВАЦИ 2005 13 5 2 6 17 13 +4 17
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 13 3 7 3 14 14 0 16
11 ФК СКОПЈЕ АД 13 3 7 3 13 13 0 16
12 ФК ПОБЕДА АД 13 4 1 8 20 25 -5 13
13 ГФК ВАРДАР Неготино 13 3 2 8 14 23 -9 11
14 ГФК ОСОГОВО 13 2 2 9 12 29 -17 8
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 13 1 2 10 6 24 -18 5
16 ФК ВАРДАРСКИ 13 0 2 11 9 36 -27 2

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија го продолжи договорот со Клисман Цаке

Дваесет и три годишниот Клисман Цаке, стави потпис на нов договор со раководството на Шкендија, ставајќи крај на сите шпекулации за евентуално заминување....

Ракомет

Во ЖИВО: Струга – Мулти Есенс, бараж за опстанок во ракометната Суперлига

Денес во Прилеп, со почеток од 18 часот ќе се одигра бараж натпреварот за ракометната Суперлига. Струга против Мулти Есенс. Стружани ќе бараат...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија го продолжи договорот со Клисман Цаке

Дваесет и три годишниот Клисман Цаке, стави потпис на нов договор со...

Втора лигаФудбал

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново го промовираше голманот Баки Алиу

Екипата на Шкендија Арачиново која се избори за влез во Втората македонска...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Стратегот Иван Варадиновски на радарот на неколку екипи, која екипа ќе ја превземе штипјанецот?

Во следниот период според информациите на Спортска Мрежа ќе следува промоција на...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Фудбал Старс е шампион во Регионалната Југоисточна лига – петлиња

Екипата на Фудбал Старс е шампион во Регионалната Југоисточна лига – петлиња,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!