Прва лигаФудбал

Македонија Ѓ.П. го шокира Работнички и останува во игра за опстанок

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија Ѓ.П. го совлада Работнички со 2:1 во натпреварот од 29. коло во Првата МФЛ и освои исклучително важни три бода во битката за опстанок. „Лавовите“ со овој триумф остануваат во игра за зачувување на прволигашкиот статус.

Домашниот тим поведе уште во втората минута, кога по едно нафрлување Кабаркас најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја затресе мрежата на Работнички. Гостите се обидоа брзо да возвратат, па во 14. минута Сухељ Мухарем имаше добра можност за израмнување, но неговиот удар заврши непрецизно.

Македонија Ѓ.П. продолжи да притиска, а во 22. минута Лазаревиќ по корнер ја погоди гредата. Само една минута подоцна и Софијаноски со удар со глава ја затресе рамката од голот. Темпото на игра остана високо, со шанси на двете страни, сè до 63. минута кога Џангаровски со одличен соло продор зголеми на 2:0.

Работнички не се предаде и веќе во 68. минута успеа да намали преку Сухељ Мухарем, кој погоди од непосредна близина за 2:1. До крајот на натпреварот гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, а најблиску беше Манојлов во 78. минута, но не успеа да реализира.

Со оваа победа, Македонија Ѓ.П. останува претпоследна на табелата со 27 бодови, само еден помалку од Работнички и два од Пелистер, кој се наоѓа над зоната за бараж. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, а во следното Македонија Ѓ.П. ќе гостува кај Шкупи, додека Работнички го очекува директен дуел со Пелистер.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!