Останато

МОК и Општина Кичево со заеднички план за развој на спортот и младите таленти

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Во Кичево денеска се одржа работна средба меѓу претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, членот на Управниот одбор на МОК, Сашо Димитриоски, и градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски.

На средбата беа разгледани конкретни насоки за унапредување на спортската инфраструктура во општината, како и за системска поддршка на младите спортисти преку програмите и ресурсите на МОК.

Посебен фокус беше ставен на имплементацијата на олимписките програми за идентификација и развој на млади таленти. Со поддршка од МОК, Општина Кичево ќе развие методологија за рано откривање на спортски потенцијал кај младите, со што ќе се овозможи нивен пристап до стручна работа, обука и стипендии. Целта е Кичево да прерасне во средина која ќе создава нови олимписки надежи и спортисти кои ќе ја претставуваат државата на меѓународна сцена.

Се разговараше и за подобрување на спортската инфраструктура, при што беше истакнат потенцијалот на спортскиот комплекс „Крушино“. Претседателот Димевски нагласи дека Кичево има силна спортска традиција и заслужува да биде дел од пошироки олимписки проекти со кои постоечките капацитети ќе се модернизираат и ќе прераснат во современи тренинг-центри.

Исто така, беше договорено организирање на специјализирана обука за спортска администрација под покровителство на МОК, со цел зајакнување на човечките ресурси и создавање стручен кадар во спортскиот систем.

Градоначалникот Јовановски изрази благодарност за поддршката од МОК, истакнувајќи дека соработката има големо значење за развојот на спортот во Кичево. Претседателот Димевски потенцираше дека МОК останува посветен на развојот на олимпизмот на локално ниво и создавање подобри услови за младите генерации.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!