Трета лигаФудбал

Тетекс се „сопна“, Доброшти покажа моќ и доминација на Напредок!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс Тетово | АРХИВА
Сподели

12-тата рунда во Трета лига – Запад однесе изненадување откако Камјани на домашен терен откина бодови од фаворитот и лидер Тетекс, двете екипи одиграа 1:1.

„Штофарите“ останаа без трите бодови во последните пет минути од мечот. Во првиот дел немаше погодоци на средбата, додека пак во вотирот дел Ерјон Елмази постигна погодок за 0:1 во 55. минута.

Во 85. минута Иса Ејупи постигна гол за 1:1 со што тимот дојде до голем бод, но повеќе од фактот што откина бодови од фаворитот Тетекс. Во 88. минута Стефан Стефановски заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра, па во финишот Тетекс играше со играч помалку.

Поранешниот прволигаш Напредок преку пресврт загуби од Доброшти на домашен терен со високи 1:4. Домаќинот преку Раде Попоски дојде до предност од 1:0 во 21. минута, а по деет минути Бесник Ељмази постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Ељмази постигна два брзи гола за 1:3, додека пак голгетерот Бетим Етеми во 83. минута со гол за 1:4 стави печат на големата победа за Доброшти.

Колото се комплетира утре. Љуботен ќе игра против Дрита, Ренова со Џепчишти, Влазерими со Велазерими Слатино, а пак Речица со Зајази.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!