Втора лигаФудбал

Здравков: Одигравме добар натпревар имавме одличен пристап, честитките за победата одат за играчите!

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица го совлада Охрид на „Билјанини Извори“ со 1:3 и во Радовиш се враќа со три бодови на своето конто со што четата на штипскиот стратег Горан Здравков одново конкурира за висок пласман на табелата.

По завршувањето на натпреварот Здравков за Спортска Мрежа истакна дека одиграле одличен натпревар со добар пристап, додава дека честитки за денешната победа одат за неговите играчи, а притоа рече дека имале одлично судење.

„Денес на „Билјанини Извори“ одигравме добар натпревар против екипата на Охрид, моите фудбалери имаа одличен пристап, добра игра во текот на целиот меч. Јас сум задоволен од прикажаното на моите играчи. Имавме одличен енергија пред натпревари за време на истиот. Сите честкитки за денешната победа и освоените три бодови одат за моите играчи. Имавме супер дочек од домаќинот. Судиите беа на ниво, одлично судење во текот на целиот натпревар. Со мислите сме веќе на следниот натпревар против Башкими кој го играме на домашен терен“, рече Здравков во изјава за Спортска Мрежа.

Во следното коло Детонит Плачковица на домашен терен ќе игра против Башкими во претпоследниот есенски натпревар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!