Втора лигаФудбал

Новаци го „здроби“ Осогово, Брегалница слави минималец, „лавовите“ и „рударите“ испукаа „петарди“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По завршувањето на репрезентативната пауза се врати второлигашкиот фудбал со денешните натпревари од 13. коло.

Источно дерби се одигра во Струмица на стадионот „Благој Истатов“ каде се соочија поранешните прволигаш Беласица и Брегалница. Младата Беласица против искусната Брегалница, каде сините беа подобри со 0:1 со голот на Зоран Ивановски.

Лидерот Македонија ЃП како голем фаворит на домашен терен го пречека Вардар од Неготино, во меч каде „лавовите“ со 5:0 го декласираа тимот од Неготино преку трите голови на Христов и погодоците на Размоски и Маркоски.

На Градскиот стадион во Гостивар екипата на Арсими како голем фаворит се соочи со Борец од Велес. Домашниот тим на овој меч гледаше идеална шанса за враќање на победничките патеки, додека пак Борец жилаво бараше три бодови за опстанок. Арсими дојде до победа од 1:0 со голот на Аљбин Рамадани.

На „Билјанини Извори“ во Охрид се соочија Охрид и Детонит Плачковица, во неизвесен меч каде охриѓани во силна победничка серија бараа нови три бодови, а пак радовишани заминаа по целиот „плен“, со кој би можеле да прогресират на табелата.

Исходот од соочување на „Билјанини Извори“ беше победа за гостинот од Радовиш со двата гола на Настевски и голот на Николовски, а пак за домаќинот погоди Бакрачески.

Башкими после поразот во претходното коло во Автокоманда од Скопје, против Кожуф на домашен терен бараше брзо враќање на победничките патеки, во Куманово имаше само еден гол за победа на Башкими од 1:0, откако Најдовски си даде автогол.

Во Прилеп се судрија поранешниот прволигаши Победа и Скопје, во дерби од долниот дел на табелата и барање на три бодови за бегство кон горниот дел од табелата. Прилеп е можеби најфудбалскиот град во Македонија, живее за фудбалот и бредот Победа, денес „пиратите“ беа подобри со 0:2, откако погодија Коцев и Кировски.

Новаци и Осогово одиграа дуел за повеќе од потребни три бодови, каде Новаци ао 5:0 го декласираше тимот од Кочани. Во првиот дел Новаци имаше водство од 3:0 и мечот беше решен откако погодија Здравевски, Трифуновски и Милевски, а во вториот дел погодија Јовановски и Поповски.

Каменица Саса како голем фаворит во Македонска Каменица го пречека „фенерџијата“ Вардарски од Богданци, каде Саса со 5:1 го декласираше новиот третолигаш. Смилков постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Бекир и Алексовски.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Четврток за промени во Втора лига: Охрид и Работнички атакуваат на врвот, Детонит и Тетекс ќе бараат позитивен резултат

Во четврток Втората македонска фудбалска лига може да добие нов лидер, но истовремено одложените натпревари од второто коло може дополнително да ја усложнат...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!